петак, 30. септембар 2016.

ЧИСТА МАКЕДОНИЈА

Денес, 30.09.2016, учениците и вработените во ООУ „Даме Груев“ - Куклиш, со свои активности го поддржаа проектот на Владата на Република Македонија - За чиста Македонија. 
 Додајте натпис
Во акцијата на чистење на училишните простории и училишната околина беа вклучени учениците од прво до деветто одделение, поделени во две смени.  Од 8.00 своите активности ги извршуваа учениците од шесто до деветто одделение, а од 10.00 учениците од попладневната смена (од прво до петто одделение).
 Девојчињата ги чистеа училишните простории, а машките со себе носеа алат и ја уредуваа училишната околина.

Бидејќи од Општината бевме известени дека нема да има организиран превоз за учениците од подрачните училишта, се договоривме учениците од Свидовица, своите активности да ги извршат во подрачното училиште во Свидовица.

Нема коментара:

Постави коментар