понедељак, 18. април 2016.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „САДНИЦА ПЛУС“

Денес, 18.04.2016 г. за време на одделенскиот час, со учениците од ООУ „Даме Груев“ - Куклиш, го реализиравме проектот „Садница плус“, проект на Владата на Република Македонија. За таа цел, секој ученик требаше да донесе саксија со плодна земја или хумус, а добиената семка да ја засади, да ја полева и потоа во својот дом да го следи нејзиниот развој.

























Добивме семчиња од ела, кои како и сите семки изгледаа безживотно, а во себе го чуваат идниот живот, на кој му требаат услови за да се развие во големо дрво, кое ако го негуваме, не само што ќе не надживее, туку ќе ни го прочистува воздухот што го дишиме, со својата раскошна убавина ќе ги одмара нашите очи, ќе ни прави сенка и на своите гранки ќе ги чува гнездата на птиците.


















































Секој ученик го засади своето семче, а за да се разбуди идниот живот во навидум безживотната семка, беше неопходно да се полее со вода.

























Но, за да се разбуди заспаната убавица - елата, потребно е топлина светлина, влага и се разбира многу љубов и внимание, а потоа таа откако ќе порасне, ќе ни возврати. Секој ученик, својата садница ја однесе дома, каде ќе и ги овозможи сите услови за да се разбуди и ќе го следи нејзиниот развој, а за таа цел ќе води свој дневник, каде ќе ги запишува сите промени.

Нема коментара:

Постави коментар