Денес, во просториите на ООУ „Даме Груев“ во Куклиш, ние од тимот за меѓуетничка интеграција, одржавме дисеминација за колегите од одделенска настава. Семинарот започна во 9.00 часот, а ние од тимот стигнавме еден час порано заради неопходните подготовки, (проверка на исправноста на техниката, која веќе беше поставена претходниот ден), како и адаптација во просторот.
Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е проект на USAID во Македонија, што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование, обуката е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, како партнерска организација, а е поддржан и од владата на Република Македонија. Проектот ќе трае до 2015 година.
Мене, како на прв презентер, ми припадна честа да ги поздравам присутните и да им посакам успешна работа на семинарот... а се разбира и да ја разбијам почетната трема.
На семинарот,покрај колегите учесници на семинарот, со своето присуство не удостоија и госпоѓата Лиле Арсова, училишен психолог од Кочани, инаку ментор на нашиот тим и господинот Блерим Јашари, претставник на НВО ЛОЈА од Тетово - во улога на мониторинг.
Мојот дел од работата на семинарот се однесуваше на воведните активности и правењето разлика меѓу мултикултурно и мултиетничко интегрирано образование.
Следниот презентер, нашиот колега - Александар Костадинов, иако млад по возраст, делуваше многу искусно и зрело.
По првата кафе-пауза, работата на семинарот продолжи со презентацијата на нашиот колега Костадин Трајков, кој многу сериозно и одговорно му пристапи на семинарот.
Како времето одминуваше, се потврди дека ние, членовите од тимот за меѓуетничка интеграција добро сме се подготвиле, секој од нас сериозно ја сфатил работата и функциониравме како вистински тим кој добро се познава, а атмосферата беше кооперативна.
На крајот, откако успешно ја завршивме работата, следуваше заедничка фотографија и средување на впечатоците... Утре, не чека нов предизвик со колегите од предметна настава, но воопшто не се сомневам во квалитетите на нашиот тим и однапред знам дека одлично ќе се претставиме.
Нема коментара:
Постави коментар